Google веќе нуди многу алатки кои ќе ви помогнат да ги уредувате вашите фотографии, а сега оди чекор понатаму.
Компанијата објави дека новите алатки за ретуширање се достапни на Android уреди со најмалку 4GB RAM меморија и оние што работат со Android 9 и понова верзија, а новите функции се фокусирани на лицата – ќе можете да ја подобрите текстурата на кожата или да ги отстраните несовршеностите.
Google исто така тврди дека новите алатки можат да помогнат со подочниците или да ги избелите забите, а вклучува и „слајдер за интензитет“ за да можете да ги ублажите или засилите ефектите по потреба.
Фактот дека е потребен само уред со Android 9 и 4GB RAM меморија ни кажува дека поголемиот дел од обработката за ова се случува „во облакот“, промена што ја видовме во последните години, која треба да ги одржи постарите уреди и хардвер одржливи подолго време.
Постојат загрижености за приватноста околу испраќањето толку многу податоци до cloud услуги, но вреди да се направи компромис ако тоа значи дека не мора толку често да го надградувате телефонот, забележува Android Police.
Со оглед на тоа што сè повеќе производители ветуваат години поддршка за софтвер, преместувањето на функциите во облакот ќе стане сè поважно во наредните години, предвидува овој портал.






