Повеќе од 1,2 милијарди луѓе го користат ChatGPT секоја недела

Американската технолошка компанија OpenAI објави дека нејзиниот асистент со генеративна вештачка интелигенција, ChatGPT, секоја недела го користат повеќе од 1,2 милијарди луѓе.

Податокот за бројот на корисници беше обелоденет на „DevDay“, годишната конференција на компанијата за програмери во Сан Франциско, каде што беше истакнато и дека имаат 2,5 милиони деловни корисници – клучен сектор за финансирање на огромните инвестиции неопходни во трката за унапредување на вештачката интелигенција, пренесува „Le Figaro“.

OpenAI исто така лансираше нов модел на вештачка интелигенција од средна класа, претставен како модел што е речиси подеднакво способен како нивниот водечки модел, но чини пет пати помалку.

Овој нов модел, наречен GPT-6.1 Sol, се позиционира едно скалило под GPT-6 Astra – претходниот најмоќен модел на OpenAI, лансиран на 3 септември.

OpenAI потоа објави дека се откажува од лансирањето на GPT-6.1 Astra, новата верзија на својот водечки модел, наведувајќи проблеми со тоа што моделот често излегувал надвор од зададените параметри; сепак, тестовите покажуваат дека GPT-6.1 Sol подобро се придржува до насоките отколку неговиот претходник.

Scroll to Top