Компанијата Unitree објави ново видео на кое се гледа како неговиот хуманоиден робот G1 брзо и лесно станува откако е соборен.
„Unitree G1 доби режим на антигравитација. Стабилноста е значително подобрена за време на секое дејство, па дури и ако падне, може брзо да стане“, се вели во описот на видеото.
Unitree G1 has mastered more quirky skills 🤩
Unitree G1 has learned the “Anti-Gravity” mode: stability is greatly improved under any action sequence, and even if it falls, it can quickly get back up. pic.twitter.com/gDR0n0eIXl— Unitree (@UnitreeRobotics) September 22, 2025
Коментарите на корисниците на X се мешани, почнувајќи од скептици па сè до оние кои се воодушевени од прикажаното.
„Овие демонстрации не значат ништо. Треба да покажете видео во кое роботот всушност прави нешто корисно без човечка интервенција“, се вели во еден коментар.
Друг корисник вели дека тоа е „неверојатен напредок во хуманоидната роботика, а достигнувањата на Unitree се особено истакнати“.
Роботот „Unitree G1“ е висок 92 сантиметри и тежи 35 килограми. Тој е целосно електричен и опремен со вешти „роботски раце“.
Кинеската компанија всушност започна со продажба на хуманоидниот робот G1 уште во 2024 година, по цена од околу 13.500 евра. Роботот е првенствено наменет за истражувачи и компании кои бараат прилагодлива платформа за автоматизација и манипулација со вештачка интелигенција.