Го оставате полначот приклучен во струја? Еве што може да се случи

Го знаеш оној полнач до креветот што е секогаш вклучен? Можеби би можел да размислиш малку да го „одмориш“.

„Вампирската потрошувачка“ е реална – ако го оставите полначот вклучен во ѕидот, тој постојано ќе троши мала количина на енергија. Дел од таа енергија се користи за напојување на контролните и заштитните кола, додека остатокот се губи како топлина.

Кога се разгледува само еден мал полнач, вампирската потрошувачка (исто така позната како „standby потрошувачка“) е занемарлива, но ако ги соберете сите полначи во вашиот дом, со текот на времето, изгубената енергија може да стане значајна.

Оваа потрошувачка не е ограничена само на полначите – други уреди, како телевизорите, исто така трошат мала количина на енергија додека се во мирување. Во зависност од тоа колку работи оставате вклучени, ова може да се собере до неколку киловат-часови во текот на една година.

За среќа, модерните полначи се дизајнирани да ја намалат оваа потрошувачка на енергија. Тие имаат паметни компоненти за управување со енергија што ги одржуваат во режим на „спиење“ сè додека надворешен уред не почне да троши енергија.

Постојат и други ризици
Полначите се трошат со текот на времето додека струјата тече низ нив, особено кога напонот во мрежата привремено се искачува над дозволената вредност. Електричната мрежа е хаотична средина и од време на време се случуваат повремени скокови на напонот.

Оставувањето на полначите вклучени цело време значи дека тие се постојано изложени на овие настани, што го скратува нивниот животен век. Кај современите полначи, ова не е преголем проблем бидејќи имаат подобрен дизајн и заштита, но кај евтините, слабо тестирани, ова може да биде сериозен ризик. Имено, тие често немаат доволна заштита и можат да претставуваат опасност од пожар.

Иако современите полначи се генерално многу безбедни и трошат минимална енергија во режим на „мирување“, сепак треба да ги исклучите од ѕидот од време на време. Ако забележите дека полначот се загрева од вообичаеното, испушта звуци или е физички оштетен, време е да го замените.

Scroll to Top