Apple воведе ново Camera Control копче на iPhone 16, а истиот тренд ќе продолжи и со следната серија.
Сепак, новите информации сугерираат дека компанијата планира да го отстрани ова копче кога ќе пристигне iPhone 18.
Според тврдењата на дојавувачот „OvO OvO OvO OvO“ на Weibo, Apple ќе го прескокне ова копче кога станува збор за iPhone 18, за што наводно им е соопштено на добавувачите.
Причината за оваа промена, како што се истакнува, е тоа што клиентите едноставно не го користат доволно, но и финансиски заштеди.
Иако тврдењето секако изгледа веродостојно, нема други дојавувачи кои го објавиле истото, па затоа сето ова сепак треба да се земе со резерва.
Camera Control копчето беше додадено на iPhone 16 со намера да се обезбеди напреден начин за контрола на камерата, а реакциите на корисниците беа мешани. Многумина го пофалија копчето за неговата практичност, но некои сепак го сметаа за бескорисно.