Како GTA 6 ги скара политичарите во Мајами

Докажано е дека на Rockstar Games и Take-Two Interactive не им се потребни големи инвестиции во промоцијата на GTA 6 за да привлечат внимание. Сепак, маркетингот си е маркетинг.

Овие компании планираат бројни маркетинг-кампањи, вклучително и рекламирање на Флорида – конкретно во Мајами и во областа околу виртуелниот Vice City, каде што се одвива дејството на играта.

Rockstar и Take-Two планираат да инвестираат околу три милиони долари за промоција на GTA 6 во градот Мајами Бич. Сепак, не сите градски функционери беа воодушевени од оваа идеја, пренесува HCL.

Градските советници расправаа за тоа дали да дозволат рекламирање на игра наменета за возрасна публика.

Едната страна тврдеше дека Мајами Бич не треба да се поврзува со наслов што прикажува насилство врз цивили и полиција, уништување возила, проституција и други криминални активности.

Другите, пак, сметаа дека сè што е прикажано во GTA 6 е фикција и дека луѓето можат да ја разликуваат реалноста од измислена приказна; според тоа, играта не би требало да го наруши имиџот на градот.

Гласањето беше неизвесно, но градскиот совет одлучи – со четири гласа „за“ и три „против“ – да дозволи промоција на GTA 6 на јавни површини.

Според извештаите, пресуден бил финансискиот аргумент. Се сметало дека трите милиони долари што Rockstar и Take-Two би ги вплатиле во градската каса се поважни од каква било потенцијална штета по имиџот на Мајами Бич.

Scroll to Top