Едно од нештата што ги нервираше корисниците на Windows со години е начинот на кој се справува со ажурирањата. Тоа сега се менува.
Порано, ако сакавте брзо да го рестартирате или исклучите компјутерот и системот преземаше ажурирање во позадина, не можевте да ја прескокнете инсталацијата. Наместо тоа, мораше да почекате ажурирањето да заврши пред вашиот компјутер правилно да се рестартира или исклучи.
Сега Microsoft конечно го решава овој проблем како дел од ажурирањето на Windows 11.
Како што беше објавено на официјалниот блог, кликнувањето на копчето за рестартирање сега всушност ќе значи моментално рестартирање, без нужно инсталирање на ажурирањето, иако корисниците сè уште ќе имаат можност да го инсталираат доколку сакаат.
Новата опција моментално им се нуди на корисниците во рамките на програмата Windows Insider, но се очекува наскоро да биде достапна за сите, објавува XDA.
Дополнително, корисниците ќе можат да ги одложуваат ажурирањата до 35 дена, како и да го изберат точниот ден на инсталација. Исто така, системот повеќе нема да го форсира преземањето на ажурирањата за време на почетното поставување, што значи дека корисниците побрзо ќе стигнат до десктопот.






