Телефонот на Трамп претрпе измени, но сè уште не е во продажба

Телефонот T1 од Trump Mobile, поврзан со Доналд Трамп, доби преобразба пред неговото лансирање.

Промените се главно во дизајнот и спецификациите, а најзначајна е отстранувањето на големото лого на T1 на задната страна.

Наместо тоа, подискретен натпис се наоѓа веднаш до тројната камера, но името на брендот е сè уште таму.

Името на Доналд Трамп сега се наоѓа под американското знаме на задната страна од уредот. Телефонот ќе има екран од 6,78 инчи и камера од 50 мегапиксели, додека златниот дизајн е задржан.

Пред-нарачките се отворени уште од 2025 година, а финалната верзија на уредот ќе стигне до клиентите во изменета форма во споредба со првично презентираниот модел.

Scroll to Top