Холанѓаните се луди по оваа апликација

Употребата на апликацијата за шифрирана комуникација Signal се зголеми во Холандија откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател на Соединетите Американски Држави во јануари. Холандија сега е меѓу петте земји со најмногу корисници на Signal, заедно со земји со значително поголемо население, како што се Украина, Германија и САД, објави холандскиот весник Volkskrant, пренесува NL Times. Бројот на нови месечни регистрации на Signal од Холандија е 25 пати поголем отколку на почетокот на јануари, па бројот на холандски корисници на Signal порасна на повеќе од два милиони. Оваа апликација стекна голема популарност бидејќи речиси и да не собира податоци за своите корисници, што е голем плус за многумина. Signal се разликува и од големите технолошки компании од Силиконската долина по тоа што е фондација која не прифаќа инвестиции, нема реклами и се потпира на донации.

Scroll to Top