Apple воведе ново правило, стапува на сила следната година

Новиот iPhone Duo наскоро ќе биде достапен, но Apple не губи време и веќе ги повикува развивачите да ги прилагодат и оптимизираат своите апликации за овој уред.

Apple објави упатства и препораки за прилагодување на апликациите кон новиот модел iPhone Duo. Апликациите мора да бидат изработени со користење на новата верзија Xcode 27.1, која Apple веќе ја објави и ја направи достапна за преземање.

Развивачите сега можат да ги поднесат своите апликации и игри преку платформата App Store Connect. Доколку апликацијата е изработена или повторно компајлирана со Xcode 27.1, App Store ќе прикаже ознака што ќе им укажува на корисниците дека апликацијата е оптимизирана за iPhone Duo.

Компанијата воведе и ново правило според кое, почнувајќи од април 2027 година, секоја нова апликација мора да содржи снимка од екранот (screenshot) на која се гледа како апликацијата работи на уред iPhone Duo.

Покрај обезбедувањето корисни ресурси и упатства, Apple организира и работилници во живо посветени на моделот iPhone Duo, со цел да им помогне на програмерите во прилагодувањето на нивните апликации.

Scroll to Top