Apple не се откажува: „Островот“ што го подели светот ќе остане на iPhone уште многу години

Иако многумина очекуваа Apple наскоро целосно да ги „скрие“ сензорите под екранот, најновите извештаи сугерираат дека препознатливиот Dynamic Island ќе го краси предниот дел на iPhone уште некое време.

Според информациите објавени од GSMArena, повикувајќи се на сигурни извори од синџирот на снабдување, Apple не планира целосно да го елиминира засекот на екранот со доаѓањето на серијата iPhone 18 во 2026 година. Наместо тоа, технолошкиот гигант од Купертино работи на значително намалување на неговите димензии.

Главната причина зошто сè уште нема да видиме целосно чист екран без никакви дупки лежи во технологијата Face ID. Иако конкурентите во светот на Android одамна воведоа камери под екранот, Apple не е подготвен за компромис кога станува збор за точноста и безбедноста на скенирањето на лицето.

Изворите велат дека компанијата моментално тестира нов вид метален материјал за сензори за Face ID, што би овозможило драстично намалување на засекот – наводно до 35 проценти во споредба со сегашните модели. Ова значи дека „островот“ ќе стане подискретен, но сепак ќе ја задржи својата интерактивна улога во рамките на оперативниот систем iOS.

Ако им се верува на аналитичарите, iPhone со екран „од раб до раб“, без видливи отвори, би можел да дебитира дури во 2027 година со јубилејниот модел iPhone 19 (или iPhone 20, во зависност од номенклатурата). Дотогаш, Dynamic Island ќе остане заштитен знак на телефоните на Apple.

Dynamic Island беше претставен со серијата iPhone 14 Pro како решение кое софтверски го маскира хардверскиот засек, претворајќи го во корисен простор за известувања и контрола на апликации во реално време.

Scroll to Top