Дали Apple се откажува од алуминиумот со серијата iPhone 20 Pro?

Според најновите информации од упатени извори во индустријата, постои голема веројатност Apple да се откаже од алуминиумското куќиште кај своите модели на iPhone од високата класа, и тоа уште следната година.
Како што пренесува изворот „Fixed Focus Digital“ на една кинеска социјална мрежа, iPhone 20 Pro (претстојниот модел на iPhone) ќе има заоблен дизајн, а веќе се работи и на развој на куќиште од титаниум.
Понатаму се наведува дека куќиштето би можело донекаде да наликува на она кај „iPhone Air“, но со значително позаоблени форми. Во август, истиот извор наведе дека серијата iPhone 20 ќе има куќиште слично на моделот Air, за што извести и веб-страницата GSM Arena.
Покрај овој извор, уште еден инсајдер на социјалната мрежа Weibo сподели информација дека Apple за следната година развива четири модели, од кои два ќе имаат заоблени екрани.
Доколку овие тврдења се покажат како точни, 17 Pro и 18 Pro ќе бидат единствените серии на iPhone што ќе го задржат алуминиумското куќиште. Иако моделот „Pro Max“ не е експлицитно спомнат, претходните извештаи сугерираат дека и оваа верзија ќе биде опфатена со промената.
Има уште многу време до појавувањето на следната серија на iPhone – која се очекува дури во септември 2027 година – па во меѓувреме сигурно можеме да очекуваме уште многу интересни детали.

