Samsung ја заврши овогодишната премиум понуда на телефони од серијата Galaxy S26, па покрај Ultra го имаме и стандардниот S26, како и моделот Plus.
Покрај напредниот модел Galaxy S26 Ultra, Samsung ги претстави и моделите S26 и S26+ на овогодинешниот настан Unpacked, кои добија значителни подобрувања оваа година, првенствено во однос на екранот и траењето на батеријата.
Иако делат ист визуелен идентитет, фокусот е на „Pro“ чувството дури и кај основниот модел.
Главната вест за љубителите на стандардните модели е преминот кон AMOLED панели од новата генерација, кои овозможуваат поголема енергетска ефикасност и рекордна осветленост.
И двата модели го задржуваат рамен екран и алуминиумска рамка, но рабовите околу екранот се дополнително намалени, што ги прави уредите визуелно поимпресивни.
S26 има компактен 6,3-инчен FHD+ екран, што е мало зголемување во споредба со минатата година. S26+ доаѓа со простран 6,7-инчен QHD+ екран, кој сега му конкурира на моделот Ultra по резолуција.
И двата телефони достигнуваат осветленост од 2.600 нити, обезбедувајќи совршена видливост дури и при директна сончева светлина.
За разлика од моделот Ultra, кој доаѓа со Snapdragon насекаде, S26 и S26+ го користат новиот Exynos 2600 на европскиот пазар, додека во САД се опремени со чип Snapdragon 8 Elite Gen 5.
Сите модели сега започнуваат со минимум 12GB RAM меморија, што е неопходно за новиот бран функции на Galaxy AI.
Батеријата за стандардниот S26 е зголемена на 4.300 mAh (со полнење од 25W), додека за S26+ останува на стабилни 4.900 mAh, но со поддршка за побрзо полнење од 45W. И двата телефони го поддржуваат Qi2 стандардот за магнетно безжично полнење.
Кога станува збор за камерите, хардверски, сензорите се слични на минатогодишните, но со нов процесор (ISP), сликите се поостри, а шумот во темница е драстично намален.
Главната камера има сензор од 50 MP (f/1.8, OIS), а има и ултрашироки камери од 12 MP и телефото камери од 10 MP (3x оптички зум).
На презентацијата, Samsung истакна дека S26 и S26+ се направени од 35% рециклирани материјали, вклучувајќи пластика од океанот и рециклиран алуминиум.






