Samsung донесе одлука: Нема да го копира Apple, еве што отстранува од Galaxy S27

Иако имаше шпекулации дека јужнокорејскиот гигант ќе го копира новитетот што го подготвува Apple, најновите извештаи откриваат дека од тоа нема ништо да произлезе.

Уште во мај се појавија гласини дека претстојниот Samsung Galaxy S27 Ultra би можел да добие главна камера од 200 MP со променлив отвор на блендата. Таквиот потег изгледаше сигурен, со оглед на тоа што долго време се шпекулираше дека Apple ќе ја примени истата технологија на iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max.

Сепак, најновиот извештај од Јужна Кореја открива дека Samsung донел конечна одлука – ниту еден од моделите во претстојната серија Galaxy S27 нема да има камера со променлив отвор на блендата.

Главните причини за оваа одлука лежат во зголемените трошоци за производство и естетиката на самиот уред. Променливата бленда бара посложен механизам што би го направил модулот на камерата на задната страна од телефонот значително подебел.

Компанијата процени дека практичните придобивки од оваа функција кај камерите на паметните телефони не се доволно големи за да ги оправдаат дополнителните трошоци, особено во време кога сите производители на паметни телефони веќе се соочуваат со значително зголемување на цената на DRAM меморијата.

За потсетување, ова не би бил првиот контакт на Samsung со гореспоменатата технологија. Јужнокорејскиот гигант веќе користеше променлива бленда на моделите Galaxy S9 и Galaxy S10 во 2018 и 2019 година, но потоа се откажа од концептот и го отстрани од следните „флегшип“ генерации.

Scroll to Top