Sega ја повлекува играта – фановите не сакаат AI slop

Sega ја повлече remaster играта Total War, откако голем број фанови упатија критики поради очигледната употреба на вештачка интелигенција при нејзиното создавање.
Total War: Shogun 2 – Complete Edition беше објавена на платформата Steam неодамна, но Sega и студиото Creative Assembly не си ја завршија работата баш најдобро.
Како што забележаа фановите, при изработката на оваа верзија интензивно била користена генеративна AI – и наместо да ја подобри играта, таа ја претворила во хаос. По острите критики на социјалните мрежи, Sega одлучи да ја повлече играта и издаде соопштение во врска со тоа.
„Свесни сме дека Total War: Shogun 2 – Complete Edition не ги исполни вашите очекувања, ниту пак нашите сопствени стандарди. Ги видовме вашите реакции, коментари и рецензии. Се согласуваме дека моменталното искуство не е на нивото на кое би требало да биде“, се вели во соопштението.
„Како резултат на тоа, соработуваме со сопствениците на платформата за привремено да ја повлечеме играта од продажба и повторно да ја направиме достапна оригиналната верзија, додека ги истражуваме проблемите. Оние што веќе ја поседуваат играта, сепак ќе можат да ѝ пристапат и да ја играат“, се додава понатаму.
Фановите беа особено револтирани бидејќи им беше ветена преработена верзија, но програмерите не вложија никаков сериозен напор навистина да ја подобрат играта; наместо тоа, се чини дека се обиделе „лесно да заработат“ користејќи вештачка интелигенција – притоа наплаќајќи 10 долари повеќе за оваа верзија. Сепак, вистинските фанови не простуваат толку лесно, па играта сега ќе биде вратена кај развојниот тим за дополнителна работа.

