Signal воведува итна забрана за телефони поради „егзистенцијална закана“ од вештачката интелигенција

Signal одлучи да го ограничи снимањето на екранот на мобилните уреди по проблемите предизвикани од вештачката интелигенција.
Signal објави дека ја ограничува можноста на корисниците да прават снимки на екранот во рамките на својата апликација за безбедни пораки – одговор на она што претседателката на компанијата Мередит Витакер го опиша како „егзистенцијална закана“ што ја претставуваат оперативните системи што интегрираат „агентска вештачка интелигенција“.
Витакер напиша дека со давањето можност на AI агентите да „скенираат“ информации на екраните на корисниците, Windows, Android и macOS/iOS „се поткопува способноста на Signal независно да гарантира приватност“.
„Сега, за да се олеснат можностите на агентите на вештачката интелигенција, вашите чувствителни податоци се снимаат, складираат и стануваат достапни за која било локална база на податоци или оддалечен сервер што AI агентот на ниво на оперативен систем го користи во тој момент“, изјави таа. „Откако податоците ќе бидат снимани, тие се целосно надвор од контролата на Signal, со што се загрозува приватноста на сите вклучени во разговорот“.
Signal веќе се обиде да ги ублажи овие ризици со блокирање на снимките на екранот по дифолт во својата Windows апликација. Сега имплементира слични ограничувања за Android и iOS.
Дополнително, корисниците имаат можност да ја оневозможат оваа поставка – потег што Витекер забележа дека би „ги компромитирал нивните гаранции за приватност“. Таа, исто така, призна дека ова е „нецелосно“ решение, бидејќи не ги опфаќа „другите, поподмолни начини на кои AI агентите би можеле потенцијално да пристапат до податоците од апликацијата“.

