WhatsApp воведува новина: Сите ќе ве обожаваат поради ова

Популарната платформа за пораки WhatsApp ја започна новата година со воведување на неколку значајни ажурирања.

Новите функции за WhatsApp имаат за цел да го подобрат корисничкото искуство во групните разговори. Функциите овозможуваат полесна организација, подобра комуникација и покреативно изразување во рамките на групите.

Ознаки на членови (Member Tags): Една од најинтересните нови функции се персонализираните ознаки. Корисниците сега можат да си доделат „tag“ што ја објаснува нивната улога во одредена група. Она што е особено корисно е што ознаките можат да бидат различни за секоја група. Значи, во семеен разговор, можеби ја имате ознаката „Таткото на Ана“, додека во спортска група, можеби сте „Голман“. Ова им помага на членовите да добијат непосреден контекст за тоа кој е кој, особено во големи групи.

Текстуални стикери: WhatsApp исто така го олесни визуелното нагласување на пораките. Новата функција им овозможува на корисниците да го претворат кој било збор во налепница директно преку пребарувањето на стикери (Sticker Search). Исто така, овие новокреирани налепници сега можат да се додадат во вашите сопствени пакети налепници без претходно да мора да ги испраќате во разговор, што значително го забрзува процесот на персонализација.

Подобрени потсетници за настани: Кога креирате настан во рамките на група, сега можете да поставите прилагодени потсетници за сите присутни. Оваа функција е дизајнирана да осигури дека никој нема да заборави на групен состанок, забава или спортски натпревар. Потсетниците може да се постават да пристигнуваат порано, во зависност од видот на настанот.

Компанијата вели дека овие иновации ги надополнуваат постојните функции како што се споделување на големи датотеки (до 2 GB), HD фајл и гласовен разговор.

Гореспоменатите опции стануваат достапни за корисниците ширум светот со најновото ажурирање на апликацијата.

Scroll to Top