ВИДЕО: Apple го претстави евтиниот iPhone 17e: Доаѓа со MagSafe и двојно повеќе простор

Apple го претстави најновото дополнување во својата линија на телефони – iPhone 17e.

Новиот буџетски модел што го нуди компанијата од Купертино е опремен со чипсетот A19, кој го напојува и претходно најавениот iPhone 17. Чипсетот ќе служи како поддршка за пакетот алатки за вештачка интелигенција на Apple.

Потврдена е и цената, па iPhone 17e чини 599 долари (исто како и минатогодишниот модел iPhone 16e).

Основната верзија на телефонот доаѓа со 256 GB простор за складирање, а iPhone 17e ќе биде достапен и во нова розова боја.

Една од најважните новини што го красат iPhone 17e е поддршката за полнење MagSafe. Телефонот доби и мобилен модем C1X, за кој Apple тврди дека е до двојно побрз од C1 што го има iPhone 16e.

Овогодинешниот прифатлив iPhone има и заштита од Ceramic Shield 2 на својот 6,1-инчен Super Retina дисплеј, за кој Apple вели дека нуди три пати подобра отпорност на гребење во споредба со претходната генерација, како и намален отсјај.

Останатите спецификации се слични на оние на iPhone 16e, вклучувајќи Fusion камера од 48 MP која користи само еден хардверски сензор.

Apple iPhone 17e ќе биде достапен за претходна нарачка почнувајќи од 4 март, а ќе се појави во продавниците на 11 март.

Scroll to Top