(ВИДЕО) Израел има ново моќно оружје: Погледнете како функционира железниот зрак

Израел го распореди првиот ефикасен и борбено тестиран систем за ласерско пресретнување во светот, изјави поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет.

„Компанијата Рафаел Индустрис денес официјално го објави лансирањето на овој систем. Тој веќе собори десетици ракети, беспилотни летала, па дури и минофрлачи“, соопшти Бенет на Икс.

„Ова најавува длабока промена во воената историја: Оружје со брзина на светлината. Во моментот кога ќе видиме ракета, ја погодуваме. Нема временско одложување“, додаде тој.

Според Нафтали, цената на пресретнувањето е 2 долари, колку што се плаќа за струја, додека цената на системот „Железна купола“ по пресретнување била околу 60.000 долари.

„Ова целосно ја менува економијата на војната. Едноставно ќе ги банкротираме нашите непријатели. Ќе биде потребно време за целосно да се развие ова, но брзо ќе го подобриме дометот и моќноста на зракот“, рече Бенет.

„Подоцна ќе го поставиме во вселената, за да можеме да пресретнуваме балистички ракети. Ова ќе промени сè“, заклучи Бенет во објавата.

Израелското Министерство за одбрана неодамна изјави дека „Железниот зрак“ „покажал ефикасност во својата целосна оперативна конфигурација со пресретнување на ракети, минофрлачки гранати, авиони и беспилотни летала во широк спектар на оперативни сценарија“.

„Ова е прв пат во светот високопрофилен систем за ласерско пресретнување да достигне целосна оперативна зрелост“, рече израелскиот генерал Амир Барам.

Scroll to Top