(ВИДЕО) Инфлуенсерка ужасната: „Што ако козметичарот ме снима со очилата“?

Уште од појавата на паметните очила Ray-Ban Meta, прашањето е што би се случило ако некој ги користи за тајно снимање.

Една жена од Њујорк го имаше истото прашање додека била на бразилска депилација во салон за убавина. На средина од третманот, забележа дека козметичарката носи очила кои можат да снимаат видео и фотографии.

„Девојката што ме депилираше носеше Мета очила, а јас на почетокот не забележав бидејќи многу разговаравме, имавме добра комуникација, беше многу фина“, објаснува инфлуенсерката Анеса Наваро во видео на TikTok.

@niessaxoxo_ What should I do? #europeanwaxcenter #brazilianwax #metaglasses ♬ original sound – aniessanavarro

„И потоа, можеби на половина од третманот, ја прашав дали носи Мета очила, на што таа рече да, но ветува дека не се уклучени“

Наваро вели дека откако ги забележала очилата, се чувствувала исклучително непријатно и не можела да престане да се прашува дали козметичарката ја снима за време на третманот.

„Не можев да престанам да мислам на тоа цело време. Што ако го има тоа видео, а што ако направи уште видеа од себе како ги депилира луѓето? Може да заврши којзнае каде, но едноставно не знам што да правам. Ме мачи со недели“, рече Наваро.

Салонот во кој отиде Наваро изјави за „Вашингтон пост“ дека очилата на козметичарката „биле исклучени додека работела“.

Наваро рече дека е во контакт со адвокатски фирми, но не сака „некој да биде отпуштен ако не направил ништо погрешно“. Таа вели дека повеќе е загрижена за подигање на свеста за приватноста и дискретните уреди за снимање.

„Се надевам дека поради моето јавно говорење, овие очила ќе бидат забранети на места како ова и слични“, додаде таа.

Scroll to Top