ВИДЕО: Робот падна врз Карди Би додека таа провокативно танцуваше пред него

Карди Би за малку настрада додека танцуваше во скутот на робот во Сан Франциско

Познатата раперка Карди Би доживеа прилично бизарна и потенцијално опасна несреќа на улиците на Сан Франциско, кога робот буквално падна врз неа за време на провокативен танц.

Карди беше во „Градот покрај заливот“ за да го поддржи својот партнер, ѕвездата на НФЛ Стефон Дигс, чиј тим Њу Ингланд Патриотс играа во Супербоул против Сиетл Сихокс. Додека шеташе низ градот, раперката наиде на роботот и пред насобраните луѓе кажа дека планира да му даде lap dance.

Во видео објавено од TMZ, Карди може да се види како изведува серија танцови движења, допирајќи ја металната конструкција и во еден момент се наведнува за да симулира бакнеж со роботот. Сепак, во тој момент, машината ја изгуби рамнотежата и падна директно врз неа.

Реперката вресна кога роботот слета практично меѓу нејзините нозе, но минувачите брзо ѝ дојдоа на помош. За среќа, Карди успеа да стане и да си замине неповредена, а и да се пошегува на сопствена сметка.

Обожавателите на социјалните мрежи веќе се шегуваат дека „дури и вештачката интелигенција не може да ѝ одолее на Карди“, додека други коментираа дека Дигс можеби е љубоморен на „несмасниот метален додворувач“.

Scroll to Top