Внимание: ChatGPT и Grok им понудија вируси на корисниците

Вештачката интелигенција станува попаметна, но сè уште не е совршена – како што потврдува новиот извештај од фирмата за разузнавање на сајбер закани Huntress.

Извештајот на Huntress вели дека нивните хакери прво разговарале со AI асистент за вообичаен термин за пребарување, барајќи од вештачката интелигенција да предложи залепување одредена команда во терминалот на компјутерот.

Потоа го направиле тој разговор јавно видлив и платиле за да го промовираат на Google. Оттогаш, секогаш кога некој ќе го барал тој термин, злонамерните инструкции се појавувале високо на првата страница со резултати.

Huntress извршил тестови на ChatGPT и Grock откако открил дека нападот за извлекување податоци насочен кон Mac, наречен AMOS, потекнува од едноставно пребарување на Google.

Корисникот на заразениот уред пребарувал „clear disk space on Mac“, кликнал на спонзорираната врска за ChatGPT и, без да знае доволно за да види дека советот е непријателски, ја извршил командата. Ова им овозможило на напаѓачите да го инсталираат малициозниот софтвер AMOS, а тестерите откриле дека двата четботови дејствувале слично, објавува Engadget.

Како што истакнува Huntress, „злобната генијалност“ на овој напад е тоа што ги заобиколува речиси сите традиционални црвени знамиња што сме научени да ги бараме. Жртвата не мора да преземе датотека, да ја инсталира или да кликне на сомнителна врска. Единствените работи на кои жртвите треба да веруваат се Google и ChatGPT, кои веќе ги користат секој ден.

Сè уште не е јасно дали нападот може да се реплицира со други чет-ботови, но засега се препорачува претпазливост. Покрај другите чекори за сајбер безбедност, осигурајте се дека никогаш нема да „залепите“ ништо во вашиот команден терминал или URL-лентата на прелистувачот ако не сте сигурни што ќе направи.

Scroll to Top