Дали новиот Apple Watch ќе биде направен од керамика?

Со претстојната, 12-та генерација на Apple Watch, Apple би можел да се врати на материјал што не го користел со години за своите паметни часовници, а тоа е – керамиката.

Последниот паметен часовник на Apple со керамичко куќиште беше Apple Watch Edition Series 5, претставен во 2019 година.

Керамиката не се појавила на Apple Watch неколку генерации, а нејзиното враќање би можело да донесе уште една премиум варијанта на Series 12 за која најверојатно ќе треба дополнително да се плати.

Apple претходно ја нудеше Series 5 со керамичко куќиште во бела боја, но сè уште не е познато дали компанијата повторно ќе се одлучи само за таа опција или Series 12 ќе биде достапна во уште неколку бои.

Apple Watch Series 12 се очекува во септември, кога се очекува Apple да ги претстави и iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max и преклопливиот iPhone Ultra.

Scroll to Top