Пристигнуваат AI модели кои „размислуваат“

Компанијата OpenAI планира наскоро да воведе ново семејство модели на вештачка интелигенција.

OpenAI планира наскоро да воведе нова генерација на своите модели на вештачка интелигенција, наречена GPT-5.1, заедно со напредните верзии GPT-5.1 Reasoning и GPT-5.1 Pro, пишува BleepingComputer.

Според достапните информации, основниот модел GPT-5.1 ќе биде достапен за пошироката јавност, додека Pro верзијата ќе биде наменета за професионални корисници и компании, со месечна претплата од околу 200 долари.

Сите модели очигледно ќе бидат интегрирани во платформата Microsoft Azure, што сугерира дека лансирањето е многу блиску – можеби во следните неколку недели.

Новите модели на вештачка интелигенција нема да донесат драстични промени во споредба со GPT 5, туку ќе се фокусираат на подобрувања во разбирањето и расудувањето, како и на подобрени безбедносни карактеристики што спречуваат несакани одговори или злоупотреба на системот.

Верзијата GPT-5.1 Reasoning е од особен интерес, за која се очекува да донесе подобро логичко расудување и поточни одговори во сложени задачи.

OpenAI, познат по редовните ажурирања на своите модели, го продолжува својот распоред на објавување на секои три до четири месеци. За потсетување, GPT 5 беше лансиран во август оваа година.

Доколку најавите се покажат како точни, GPT-5.1 би можел да стане најсигурен и најбрз AI модел досега, со амбиција дополнително да ја зацврсти доминацијата на OpenAI на пазарот на вештачка интелигенција.

Scroll to Top