Подгответе се за целосно ново, несекојдневно шопинг искуство! На 6, 7 и 8 март, СЕТЕК свечено ги отвора вратите на својот целосно реновиран и значително проширен премиум салон во Скопје City Mall.
На добро познатата локација каде што купувачите навикнаа да ја наоѓаат врвната техника, сега ги очекува многу повеќе. Новиот салон е просторно поголем, со помоќна понуда, замислен да овозможи премиум искуство за секој посетител.
СЕТЕК City Premium е дизајниран според најновите светски стандарди, со цел да понуди максимална прегледност и пристап до најсовремените технолошки решенија: ИТ опрема, телевизори, телефони, бела техника, мали апарати и гејминг опрема од врвни светски брендови.

По повод големото отворање, СЕТЕК најавува тридневна прослава која не смее да се пропушти. Викендот на 6, 7 и 8 март ќе биде исполнет со многу забава, одлична атмосфера, изненадувања и секако – вредни подароци за посетителите на салонот.
СЕТЕК ги поканува сите љубители на технологијата, лојални купувачи и сите оние кои сакаат да доживеат премиум шопинг искуство, да бидат дел од овој голем настан.
Дојдете заедно да го прославиме новиот почеток и да откриеме зошто новиот СЕТЕК City Premium е новата омилена дестинација за технологија во градот!
Се гледаме на 6, 7 и 8 март во салонот на Сетек во Скопје City Mall.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините на подароците и производите се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК City Mall – Скопје.
(ПР)






