(Видео) Немири низ Европа по блокадата на флотилата: се уништуваат продавници и ресторани

Пропалестинските демонстранти во Европа денес го блокираа сообраќајот и вандализираа продавници и ресторани откако израелските сили пресретнаа група бродови со помош за Газа.

Во Барселона, демонстрантите кршеа и пишуваа антиизраелски слогани на прозорците на продавниците и рестораните, вклучувајќи го и синџирот кафетерии „Старбакс“, франшизата за хамбургери „Бургер Кинг“ и синџирот супермаркети „Карфур“, обвинувајќи ги за учество во израелската офанзива во Појасот Газа.

Во Италија, студентите ги окупираа универзитетите, вклучувајќи го и „Статале“ во Милано и „Ла Сапиенца“ во Рим, и го блокираа пристапот до Универзитетот во Болоња со гуми, покажа видео снимки. Во Торино, стотици луѓе го блокираа сообраќајот на градскиот кружен пат, објавија новинските агенции.

Италијанските синдикати повикаа на генерален штрајк во поддршка на флотилата со помош за Газа, а се очекуваат повеќе од 100 маршеви и собири низ целата земја. Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето ги критикуваше немирите и дивјаштвото предизвикано од некои демонстранти.

„Дали некој навистина верува дека блокирањето на железничките станици, аеродромите, автопатите или уништувањето на продавниците во Италија ќе им донесе олеснување на палестинскиот народ“, напиша тој на Икс.

Низ цела Европа, илјадници демонстранти излегоа на улиците на Даблин, Париз, Берлин и Женева за да го осудат израелското пресретнување на флотилата. Митинзи беа одржани и во Буенос Аирес, Мексико Сити и Карачи.

фото: принтскрин

Scroll to Top