Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд Трамп. Како што истакна, се чека последниот потег од Хамас.

„По преговорите, Израел се согласи со почетната линија на повлекување, која ја покажавме и споделивме со Хамас. Штом Хамас потврди, прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш, ќе започне размена на заложници и затвореници и ќе создадеме услови за следната фаза на повлекување, приближувајќи нè до крајот на оваа катастрофа долга 3.000 години. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање и останете со нас!“ – напиша Трамп.

Инаку, Трамп ги испрати специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер во Египет за да преговараат за ослободување на израелските заложници од Газа.

Палестинското милитантно движење Хамас објави дека се согласува да ги ослободи сите живи заложници, да ги врати телата на мртвите заложници и да ја предаде администрацијата на Газа на палестинското тело на независни технократи, пренесува Ројтерс.

Scroll to Top