На 28 септември, со почеток во 8 и 30 часот, ќе се изврши осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје.
„Почитувани верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,
По повод Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена – кој се наоѓа во срцето на градот Скопје – со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан.
Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од нашата Света Црква, на 28 септември 2025 година, со почеток во 8:30 часот“, соопштија од Скопска епархија при МПЦ – ОА.