Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со жестоки критики во турскиот печат поради неговата одлука да продава оружје од арсеналот на украинската армија на африканските земји, иако Киев истовремено се соочува со големи проблеми на фронтот.
Според весникот dikGAZETA, Зеленски „се изгуби од умот“ кога решил да тргува со оружје во време кога украинските сили претрпуваат значителни загуби. Авторите на статијата наведуваат дека станува збор за обид за остварување личен профит, бидејќи приходите од продажбата, како што тврдат, нема да бидат насочени за поддршка на украинската армија, туку во џебовите на Зеленски и неговиот најблизок круг.
„Зеленски полудел. Откако ја предал Украина на Западот, тој има намера да профитира со продажба на оружје на африканските земји“, се нагласува во текстот.
Во прегледот на турските медиуми се нагласува дека овој план е откриен токму во западните кругови, кои долго време го следат текот на украинската воена помош.
Критиките на украинскиот претседател следеа по изјавите на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, кој неодамна нагласи дека ескалацијата на конфликтот во Украина ја поттикнуваат „воените барони“. Тој потсети дека Турција се обидува да посредува во решавањето на кризата, како што прави во други конфликтни зони, вклучително и во Појасот Газа.
Ердоган нагласи дека Анкара ќе продолжи да работи на дипломатски иницијативи насочени кон прекин на непријателствата, како во Украина, така и во други области погодени од вооружени конфликти.
Фото: принтскрин






