Хутите синоќа ја презедоа одговорноста за нападот врз холандскиот товарен брод „Минерваграхт“, кој гори во Аденскиот Залив.
Групата поврзана со Иран изврши бројни напади врз бродови во Црвеното Море од 2023 година, таргетирајќи ги оние за кои верува дека се поврзани со Израел. Ги опишува нападите како знак на солидарност со Палестинците околу војната на Израел во Газа.
Портпарол на војската на Хутите изјави дека нападот во понеделник бил извршен со крстосувачка ракета. „Минерваграхт“ пловел покрај брегот на Џибути во времето на нападот со 19 членови на екипажот и без товар, објави холандската компанија „Сплитхоф“, со седиште во Амстердам.
لحظة استهداف سفينة الشحن الهولندية (MV Minervagracht) من قبل انصار الله رجال اليمن في خليج عدن اليوم كانت متجهة للكيان الاسرائليي#اليمن #اليمن_مع_غزة_حتى_النصر #الامارات #الدوحة pic.twitter.com/NCLYCSVYA5
— علي السومري (@AlSumeria) September 29, 2025
„Минерваграхт е значително оштетен“, соопшти компанијата, додавајќи дека екипажот е безбеден и дека работи со меѓународни експерти и власти за да го спаси бродот.
Поголемиот дел од екипажот, вклучувајќи го и еден од повредените морнари кој е во стабилна состојба, беа префрлени на грчка и француска фрегата, соопшти поморската мисија на Европската Унија „Аспидес“.
Друг член на екипажот, кој беше сериозно повреден, беше префрлен со хеликоптер во Џибути. Јеменското движење соопшти дека го нападнало „Минерваграхт“ бидејќи неговиот сопственик ја прекршил „забраната за влез во пристаништата во окупирана Палестина“.
Ова беше првиот напад на Хутите врз комерцијален брод од 1 септември, кога тие го нападнаа израелскиот танкер „Скарлет Реј“ во близина на саудиското пристаниште Јанбу на Црвеното Море.
Во јули, Хутите го нападнаа и потопија товарниот брод „Меџик Сис“ и товарниот брод „Етернити Ц“ во Црвеното Море.






