(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија: дали ја погодија Украинците?

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав. Изворите тврдат дека рафинеријата била погодена во напад со беспилотни летала, додека гувернерот тврди дека станува збор за „техничка неисправност“.

Рафинеријата во Јарослав, позната како Славнефт-ЈАНОС, има капацитет да преработува околу 15 милиони тони нафта годишно, според нејзината официјална веб-страница и бројките од индустријата. Ова ја прави една од најголемите рафинерии во Русија.

Украински извори тврдат дека била погодена единицата ВТ-6, која преработува масло за греење, со пријавен годишен капацитет од над 6,2 милиони тони.

Рафинеријата е на околу 250 километри североисточно од Москва и на околу 700 километри од украинската граница.

Во последните недели, Украина ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта и инфраструктурата со употреба на беспилотни летала, кои веќе имаа значително влијание врз снабдувањето со гориво на Русија. Ројтерс објави дека нападите го намалија производството, оставајќи многу независни бензински пумпи без снабдување со гориво во неколку региони.

фото: принтскрин

Scroll to Top