(Видео) Кејт Мидлтон повторно блеска во чевлите што ќе ја одбележат годината

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави на кралска посета и во таа пригода ги шармираше сите со својот моден аутфит. Како и обично, кога е во прашање неа, модата нема граници.

Кејт е секогаш совршено стилизирана и ги поставува модните трендови, а сега воодушеви со лежерна и, во исто време, елегантна комбинација на облека.

Тесните панталони во комбинација со кошула и сако се хит, дури и ако сè е во кафеави тонови – не може да биде подобро. Кафеавата е најпопуларната боја оваа сезона, а мокасините во таа нијанса беа ѕвезда на нејзиниот стил.

Во претходните години, многу „бегавме“ од тесните панталони, но сега се покажува дека тоа била грешка. Ако знаете како да ги комбинирате на вистински начин, тие ќе му дадат луксуз на вашиот изглед. Токму тоа го направи Кејт Мидлтон.

Целосно рамните мокасини направени од крокодилска кожа се вистински доказ дека сосема едноставните обувки можат да бидат совршен избор, но само ако се украсени со животински дезен.

Scroll to Top