Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, кандидатот за градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставниците на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Општинскиот одбор Центар.

На средбата, Герасимовски им оддаде признание и благодарност за нивниот историски придонес и посветеност кон вредностите врз кои е изградена современата македонска држава.

„Секој разговор со нашите борци е потсетник на жртвата, храброста и идеалите што ја обликуваа нашата држава. Тие ја носат вистинската приказна за Македонија и ни покажуваат дека љубовта кон татковината не се изразува само со зборови, туку со дела, труд и одговорност,“ истакна Герасимовски.

Тој додаде дека генерациите денес имаат должност да го продолжат аманетот оставен од борците, да ја негуваат слободата, да го чуваат антифашизмот како трајна вредност и да градат општество засновано на праведност, солидарност и човечност.

„Слободата не е нешто што се добива еднаш засекогаш, туку вредност за која секој ден треба да се бориме,“ порача градоначалникот

Герасимовски, најави продолжена поддршка на идеите и активностите на Сојузот на борците.

Scroll to Top