Актуелниот градоначалник на општина Бутел, Дарко Костовски кој бара втор мандат на овие локани избори, заедно со носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Никола Божиновски, соопшти дека е распишана тендерска постапка за нова модерна поликлиника на територија на општина Бутел.
„Срамниот објект позади нас, таканаречената модуларна амбуланта ќе замине во историја. Граѓаните на општина Бутел ќе добијат здрвствена заштита од примарно и секундарно здравство, што навистина е барање коешто веќе го чекаат со децении“, изјави Костовски.






