Со фотографии од 12 градилишта од актуелните 160 на територија на општина Центар, досегашната советничка во Советот на оваа Општина, Јана Белчева – Андреевска покажа дека за пешаците нема место онаму каде што се гради.
Во објава на социјалните мрежи таа праша чии интереси се штитат и дали се жртвува достоинството на центарци.
„Ова се тротоарите на дел од 160 активно градилишта во Центар по кои се движат луѓето, посебно децата. Важат принципите: “важно се гради”, “луѓето можат и по коловоз”, “никој ништо не ни може”, “инспекција и онака нема”, “надзор?!, што е тоа”…..
Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака?
Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата наместо приоритет вака свесно се жртвуваат ?“, стои во објавата на Белчева – Андреевска на социјалните мрежи.
Претходно Белчева – Андревска објави мапа од сите локации на кои се гради во Центар во изборниот период.






