Осомничениот во случајот со Медлин Мек Кен: „Вратете ми го животот!“

Кристијан Брукнер, осомничен во истрагата за исчезнувањето на Медлин Мек Кен, за првпат јавно проговори по излегувањето од затвор. Во интервју за „Скај њуз“ рече дека е жртва на „лов на вештерки“ и побара да му се врати нормалниот живот.

„Не се чувствувам слободен. Носам нараквица и под 24-часовен надзор сум. Сакам ова да престане и некој да преземе одговорност,“ изјави Брукнер.

Тој се обиде да влезе во канцеларијата на германскиот обвинител Ханс Кристијан Волтерс, кој претходно јавно тврдеше дека има докази дека Брукнер ја киднапирал и убил Медлин, иако призна дека тие не се доволни за подигнување обвинение.

Брукнер (49) неодамна беше ослободен по издржана казна за друго кривично дело. Германските медиуми јавуваат дека по неговото ослободување бил сместен во привремено живеалиште, но по јавниот притисок и протестите на граѓаните, бил преместен од градот Нојминстер.

На директно прашање дали има врска со исчезнувањето на британското девојче во Португалија во 2007 година, Брукнер одговори дека по совет на адвокатите нема да зборува на таа тема.

Scroll to Top