„Сите се смееме на ист јазик” – МТФ Денови на комедија во Куманово

Со претставата “Госпоѓа министерка” на Театар Велес “Јордан Х.К. – Џинот”, започна традиционалната манифестација Меѓународен театарски фестивал – Денови на комедија, (24.09- 10.10.2025 год.), во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, под покровителство на Градоначалникот на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ.

Репертоарот на 28 издание го сочинуваат 11 претстави од театарски установи на Македонија, Србија и Бугарија: “Рибарски караници” – НУ Народен Театар, Битола, “Бог на колежот”- Македонски народен театар (МНТ), “Да живее долна дупка” – Театар Комедија, “Едно предавање” – Дом на култура “Абдула Крашница” – Градско позориште, Прешево, “На траг” – Књажевско – српски театар, Крагуевац, “Грабеж на дијамантот” – НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, Албанска драма, “Петок 13-ти” – НУЦК “Антон Панов” – Театар Струмица, “Покондирена тиква” – Народно позориште, Пирот, “Постојаната сопруга” – Сатиричен театар “Алеко Константинов”, Софија и “Разбуди се Тина” – НУЦК “Трајко Прокопиев”, Театар Куманово.

На свеченото отворање пред љубителите на театарската уметност, се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потенцирајќи ја важноста на културните настани, кои ја поврзуваат публиката во регионот, преку актерското изразување.Наградата “Васил Иљоски” ја додели директорот на НУЦК “Трајко Прокопиев”- Куманово, Сашо Тодоровски, на овогодинешниот лауреат, актерката Весна Петрушевска, за oсобен придонес во театарската уметност, особено во делот на комедијата.

Scroll to Top