Трамп повторно го нападна комичарот Џими Кимел, само еден час пред неговото враќање на телевизија откако неговото шоу беше откажано поради неговите коментари за убиството на Чарли Кирк.
На социјалната мрежа Truth Social, американскиот претседател ја критикуваше телевизиската мрежа Еј-би-си за повторното воведување на неговата емисија.
„Не можам да верувам дека ABC Fake News го врати Џими Кимел. Тие ѝ кажаа на Белата куќа дека неговата емисија е откажана! Нешто се случи помеѓу тогаш и сега затоа што неговата публика ја нема, а тој никогаш немаше „талент“, напиша Трамп.
Трамп повтори дека Кимел „не е смешен“ и има слаб рејтинг, а сега ѝ се закани и на самата мрежа.
„Мислам дека ќе ја тестираме Еј-би-си за ова. Ќе видиме како ќе оди“, напиша претседателот. „Последниот пат кога ги нападнав, ми дадоа 16 милиони долари. Овој пат звучи уште попрофитабилно“.
фото: принтскрин