Јанчев: Изградба на дом за стари лица, три катни гаражи, гасификација на Кавадарци

Изминатите 8 години се вложив максимално посветено да направам од Кавадарци модерна и урбанизирана општина. Затоа денеска стојам гордо и ја барам вашата поддршка по трет пат, за да продолжиме да работиме чесно, одговорно, и да ја градиме и развиваме Општина Кавадарци заедно со проекти и дела, истакна Митко Јанчев, кандидат за градоначалник во општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг.

Јанчев посочи дека изминатиот мандат има реконструирано над 100 улици, воспоставено фекална и канализациона мрежа, како и изградба на 3 училишни спортски сали во село Сопот, Мрена и Возарци.

„Одговорноста е сега уште поголема, кавадарчани очекуваат уште повеќе работа и резултати. Но, јас имам визија и стратегија, програма која ветува и се обврзува на подобар и поквалитетен живот за сите кавадарчани. Во изминативе години инвестиравме во патната инфраструктура, реконструиравме и асфалтиравме на над 100 улици во Кавадарци и населените места и поставивме фекална и канализациона мрежа.

Јанчев ја побара поддршката од кавадарчани, за како што рече тој, Кавадарци да продолжи да се развива и да оди напред.

Во следниот 4 годишен мандат, Јанчев вети доградба на скијачката патека „Кожувска Панорама“, изградба на дом за стари лица, гасификација на Кавадарци“.

Порача дека кавадарчани на 19 октомври гласаат за својата иднина, за проекти и дела.

„Ве повикувам работата да ја завршиме уште во првиот круг на 19 октомври, да излеземе обединети, сплотени да дадеме поддршка и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со заокружување на бројот 9 вие гласате за вашата иднина, за проекти и дела, за развој и сигурност. Гласајте за вашиот градоначалник, гласајте за советниците од нашата листа, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Ова е победа за Кавадарци, за Македонија и за иднината на нашите деца. За твоето место, за твојата иднина и со твојот човек, за сите нас“, заклучи Јанчев.

Scroll to Top