(Видео) Белата куќа: Ако некој намерно ги блокирал скалите на Трамп, треба да добие отказ

Обединетите нации соопштија дека ескалатор што го користел американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш застанал поради безбедносен механизам што можеби го активирал снимател.

Снимателот се качувал по ескалатор во обратна насока за да го снима пристигнувањето на американскиот претседател со првата дама Меланија Трамп и „можеби ненамерно ја активирал безбедносната функција“ кога стигнал до врвот, изјави портпарол на ОН.

Трамп на шега се осврна на инцидентот за време на својот говор во зградата на ОН во вторник, велејќи: „Доколку првата дама не беше во добра форма, ќе паднеше“.

Белата куќа изрази загриженост дека некој намерно го запрел ескалаторот. „Доколку некој во ОН намерно го запрел ескалаторот додека претседателот и првата дама биле на него, треба веднаш да биде отпуштен и да се спроведе истрага“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролина Ливит на социјалните мрежи по инцидентот.

фото: принтскрин

Scroll to Top