Во период кога енергетските пазари се соочуваат со чести ценовни осцилации, геополитички влијанија и неизвесност во снабдувањето, за компаниите прашањето на избор на снабдувач со електрична енергија станува сè поважно.
Во такви услови, бизнисите не бараат само пониска цена – тие бараат сигурност, предвидливост и партнер кој добро го разбира функционирањето на енергетскиот пазар.
Енергетските кризи од изминатите години покажаа дека стабилноста на снабдувачот игра клучна улога во заштитата на бизнисите од ризиците на пазарот. Компаниите кои работат со искусни и добро позиционирани снабдувачи имаат поголема можност да го планираат своето работење, да избегнат непредвидени трошоци и да обезбедат континуитет на своето производство и услуги.

Во вакви услови, важни се неколку фактори: големината на балансната група, пристапот до регионални пазари на електрична енергија, експертизата во управувањето со енергетските портфолија и способноста за долгорочно планирање на набавката на енергија.
Компанијата Energy Delivery Solutions (ЕДС) се позиционира на пазарот токму преку овие елементи. Со повеќе од една деценија искуство во трговијата и снабдувањето со електрична енергија, компанијата обезбедува стабилно и сигурно снабдување за голем број компании на слободниот пазар. ЕДС минатата недела за прв пат на пазарот понуди снабдување со струја по фиксна цена со договор на 24 месеци. Оваа понуда за корисниците ќе значи предвидливост и стабилност во текот на следните години кога станува збор за трошокот за електрична енергија.
Дополнителна стабилност на работењето обезбедува и фактот што ЕДС е дел од PPC Group, една од најголемите енергетски компании во Југоисточна Европа, со значајни производствени капацитети во регионот.
Благодарение на оваа регионална инфраструктура и пристапот до повеќе пазари на електрична енергија, ЕДС има можност да обезбеди оптимални енергетски решенија за бизнисите, како и поголема сигурност во снабдувањето дури и во периоди на пазарна нестабилност.
Во време кога неизвесноста на енергетските пазари станува новата реалност, изборот на снабдувач повеќе не е само финансиска одлука, туку стратешка одлука за стабилноста и одржливоста на секој бизнис.
Токму затоа, сè поголем број компании се насочуваат кон снабдувачи кои покрај конкурентна цена можат да понудат и нешто поважно – сигурност, експертиза и долгорочно партнерство.
(ПР)






