Ливриниќ: Само со чесен пристап и посветеност можеме да ја направиме Општина Бутел подобро место за живеење

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, заедно со носителот на листата за советници, Симон Бешлиев на СДСМ, вчера остварија средби со граѓаните од населбата Скопје Север.

„Жителите на Скопје Север со право се разочарани. Години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета. Ние нема да одиме по тој пат – не ветуваме, туку ќе работиме. Верувам дека само со чесен пристап, ред и посветеност можеме да ја направиме Општина Бутел подобро место за живеење. Ова не е кампања на големи зборови, туку на мали и секојдневни дела кои носат резултат,“ истакна Оливера Ливриниќ.

Таа додаде дека нивна заложба е Општина Бутел да добие функционално, одговорно и достапно управување кое нема да ги заборава луѓето по завршувањето на изборите.

Scroll to Top