Нелегален патник пронајден мртов во подвозјето на авион на „Американ ерлајнс“

Полицијата во Шарлот, Северна Каролина, истражува смрт на патник чие тело беше пронајдено во недела наутро во подвозјето на авион на „Американ ерлајнс“. Авионот штотуку пристигнал од Европа и бил на одржување кога било откриено телото, според Си-ен-ен.

Според соопштението од полицијата Шарлот-Мекленбург, лицето, чиј идентитет и потекло сè уште не се познати, е прогласено за мртво на местото на настанот.

Портпарол на „Американ ерлајнс“ потврди за WSOC, подружницата на Си-ен-ен, дека авиокомпанијата соработува со полицијата. Меѓународниот аеродром Шарлот Даглас изјави дека е запознаен со „трагичното откритие“.

„Длабоко сме тажни од оваа вест и ќе ја поддржиме истрагата на Полициската управа Шарлот-Мекленбург (CMPD) доколку е соодветно“, се вели во соопштението, додавајќи дека операциите на аеродромот продолжуваат нормално.

фото: принтскрин

Scroll to Top