СДСМ: Заврши екскурзијата за исончаниот Клековски – го дочека епидемија на западнонилска треска

Социјалдемократскиот сојуз смета дека министерот за здравство Сашо Клековски, во најлошиот период за здравјето на граѓаните, бил на екскурзија. Преку соопштение тие реагираа на неговото враќање на работа.

„За него не беше научна – беше туристичка. Сега, исончан од сонце, на прес-конференција објавува нови бројки:

35 потврдени случаи на западнонилска треска,

3 суспектни случаи,

3 смртни случаи,

а 6 лица се во критична состојба на интензивна нега.

Колку оваа власт не се грижи за народот. Мицкоски на екскурзија го остави народот без вода за пиење. Клековски на екскурзија го остави народот без вода за пиење, со епидемија на жолтица и западнонилска треска. Тошковски го остави народот без информација кој е виновен за труењето. Од него само добивме хиперхлорирање.

Ваков степен на неодговорност не е виден никаде. Нема експерти. Нема превенција. Нема ниту навремено прскање против комарци. Нема институции. Нема извештаи. Од една криза во друга. Од една епидемија во друга. Целосен колапс на системот. Знаеме дека овие тендер-патриоти се членови на ’промакедонска’ партија со бугарски државјанства. Но односот кон народот е како кон туѓ народ“ стои во соопштението од СДСМ.

Scroll to Top