Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи.
„ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче.
„Кога се нема резултати, кога неспособноста се гледа, се прибегнува кон спинови, лаги и црни кампањи. Секој ден ја гледаме црната кампања против опозицијата и измислени афери што им се распаднаа, беа хибридни напади, дронови, сега стикови. Никако да разберат дека се прочитани и граѓаните веќе не им веруваат“, рече Филипче.
„Но, ниту јас, ниту СДСМ нема да влеземе во калта во која тие се чувствуваат комотно“, потенцираше тој.
„Ќе продолжиме да ја разобличуваме лажната и лицемерна власт, но уште повеќе ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето. Тоа е нашата борба, за поголеми плати на работниците, за 500 евра минимална плата, за поголеми пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците младите, за Европа.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Валандово.
Тој кажа дека СДСМ покажала дека со вистински политики платите може да растат и во време на најтешките кризи кои некогаш ги имала државата.
„Минималната плата од 8.000 денари ја зголемивме на 22.500 денари, а просечната плата од 22.000 денари, на над 40.000 денари. Донесовме систем на зголемување на пензиите, ја зголемивме за 300% социјалната помош тројно, се спасија над 80 илјади работни места и фирми со антикризните мерки. Донесовме систем за зголемување на пензиите, ја зголемивме за 300% социјалната помош, дадовме мерки во трите последователни кризи на Ковидот, енергетската и финансиската криза во вредност од 2,6 милијарди евра, се спасија 80.000 работни места, 20.000 компании се спасија од затворање, 660 илјади семејства беа заштитени затоа што се субвенционираше сметката за струја. Тоа беа години кога државата стоеше зад човекот “, рече Филипче пред валандовчани.
„Овие резултати веќе ги нема, имаме неодговорна и неспособна власт која не се грижи за граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, Филипче, притоа потсетувајќи дека борбата на СДСМ е за раст пензиите, за 500 евра минимална плата, за раст на платите на докторите, за наставниците, земјоделците, за младите и за Европа.






