„Бевме заедно 15 години, а чувствував само физичка привлечност“

Актерот Брајан Остин Грин отворено зборуваше за тоа како неговиот брак со Меган Фокс се темелел првенствено на физичка привлечност, потсетувајќи се на нивната 15-годишна врска.

„Мојата поранешна сопруга и јас бевме заедно речиси 15 години. Бевме во брак речиси 10 години, а мене ме водеше физичката привлечност“, рече тој во подкастот „I Do, Part 2“.

52-годишниот Грин објасни дека за него физичката привлечност кон некоја личност секогаш била на прво место, и дури потоа градел врска околу тоа.

Се венчале во 2010 година и се развеле во мај 2020 година. За време на нивниот брак, добија три деца – Ноа, 13, Боди, 12 и Џерни, 9.

„Се разведов, што воопшто не го очекував. Имав три деца. Бев самохран родител“.

После тоа, Грин сфатил дека не сака да ги повторува истите грешки, па затоа решил да оди на психотерапија за, како што вели, навистина да разбере што внесува во врските што е токсично, лошо и не придонесува за врската.

За време на терапијата, сфатил дека прво треба да биде пријател со некого, а дури потоа таа врска може да прерасне во романтична врска.

„Мислам дека кога врската започнува од вистинска врска со некого, тогаш не се грижите толку многу за тоа дали на таа личност навистина и се допаѓате или не“, рече тој, додавајќи дека тоа им овозможува на партнерите да комуницираат целосно отворено и искрено.

Грин откри дека го усвоил овој нов пристап пред да ја запознае својата сегашна свршеница, Шарна Бургес (41), во декември 2020 година.

„Шарна и јас разговаравме за нашите најдобри и најлоши квалитети. Ставивме сè на маса. Тој пристап кон врската е најдобриот начин да разберете дали сте поврзани само со физичка привлечност“, објасни актерот.

„Може да трае само одредено време. На крајот стигнувате до точка каде што си мислите: „Не можам повеќе да ја поднесам оваа личност. Веќе не ме привлекува.“

И покрај разводот, Брајан Остин Грин и Меган Фокс одржуваат пријателски однос.

Scroll to Top