Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“. Актерот во студиото „Парамаунт“ делуваше опуштено и добро расположено, а вниманието го привлече неговиот необичен стајлинг.
Пит носеше индиго маица од „Maison Margiela“ со детали што потсетуваат на капки бела боја, темносин шешир, избледени фармерки со закрпи и патики во боја на лимета. Изгледот го надополни со авијатичарски очила за сонце со необична аглеста рамка.
View this post on Instagram
Неговото појавување доаѓа во период кога во јавноста повторно се зборува за односите со неговите деца. Пит и поранешната сопруга Анџелина Џоли имаат шест деца – Шајло, близнаците Нокс и Вивиен, Медокс, Пакс и Захара.
Неколку од нив во последните години престанаа јавно да го користат презимето Пит, додека Шајло во 2024 година и официјално побара тоа да биде отстрането од нејзиното презиме.







