Дакота Џонсон отворено зборуваше за снимањето на жешки сцени со Ен Хатавеј за филмот Verity, опишувајќи го искуството како „неверојатно пријатно“. Двете актерки, заедно со Џош Хартнет, ги толкуваат главните улоги во новиот психолошки трилер заснован на бестселерот на Колин Хувер.
Филмот, во режија на Мајкл Шовалтер, ја следи приказната за писателката Лоуен Ешли (Џонсон). Соочена со финансиски тешкотии, таа ја прифаќа понудата од Џереми Крофорд (Хартнет) да ја доврши серијата книги на неговата сопруга, Верити (Хатавеј), која повеќе не може да пишува по сообраќајна несреќа.
Лоуен се вселува во домот на семејството Крофорд за да работи на романите, но додека навлегува во животот на Верити, открива вознемирувачки тајни, а границите меѓу реалноста, фикцијата и имагинацијата почнуваат да се бришат.
Интензивни сцени
Приказната вклучува експлицитни сцени меѓу Лоуен и Верити, а трејлерот за филмот веќе прикажа бакнеж меѓу Џонсон и Хатавеј. Во интервју за списанието Out, Џонсон беше прашана за нејзините „жешки сцени“ со Хатавеј.
„Жешки лезбејски сцени! Ми се допаѓа тоа. Тоа ќе го ставам на мојот надгробен споменик“, се пошегува Џонсон. „Беше многу технички тешко, но и неверојатно пријатно. Поминав неколку часа бакнувајќи ги и двајцата. Едната личност беше под мене, потоа се тргаше, а другата доаѓаше на нејзиното место. Сè беше многу технички – токму тука лежи уметноста.“
„Очигледна хемија“
Џош Хартнет исто така ги сподели своите впечатоци од снимањето. „Веднаш се согласивме одлично на сетот. Сцените со секс делуваа малку смешно сè до моментот кога почнавме да снимаме. Важно е да се одржи опуштена атмосфера и едноставно да се заврши работата. Хемијата во филмот е очигледна и произлегува од меѓусебната почит и разбирање“, рече тој.
Импровизиран бакнеж
Режисерот Мајкл Шовалтер претходно откри за Variety дека Хатавеј и Џонсон ја импровизирале својата „многу секси“ сцена со бакнување.
„Сè започна од потребата за нешто секси“, се присети тој. „Во книгата, таа гледа фотографија од Харпер и разговара со Џереми за тоа колку таа била прекрасна. Тоа води до интимна прегратка – прегратка за која почувствував дека има потенцијал да стане сексуално наелектризирана.“
„Тоа е само прегратка, но меѓу двајца луѓе во многу необични околности, на кои очајно им е потребна таа блискост. Интересно е што тоа ја возбудува Лоуен. Таа го прегрнува во момент на длабока тага, а тој момент добива еротска димензија. Прашањето беше каде да се насочи таа енергија“, објасни Шоуолтер.
Режисерот додаде дека бакнежот што се гледа во трејлерот за филмот настанал преку импровизација. „Сè произлезе од еден предлог на Ен и Дакота: ‘Што ако, додека таа го бакнува, тој се претвори во Ен?’ Им реков: ‘Ако сакате да го изведете тоа, направете го’“, раскажа тој.
„Мислев дека има нешто многу секси и еротско во тоа што Дакота вели: ‘Едноставно ќе седнам во скутот и ќе почнам да те бакнувам’. Таа го гледа Џереми и едноставно презема иницијатива – потег што изгледаше како почеток на нешто провокативно. Таа го зеде она што го сакаше, а тој се надоврза на тоа.“







