Децата на Бен Афлек не сакаат да го слушаат неговиот совет – особено кога станува збор за љубовни врски – призна славниот актер за време на гостување во едно ток-шоу.
Актерот Бен Афлек гостуваше во емисијата на Џими Кимел, каде што, меѓу другото, зборуваше за своите деца и за тоа дали тие се подготвени да го прифатат неговиот совет за љубовта. Афлек призна дека сè уште се обидува да ја врши родителската улога кон своите деца – Вајолет (20), Серафина (17) и Семјуел (14).
„Веќе не е во прашање само едно дете што превртува со очите“, објасни актерот, признавајќи дека никогаш не замислувал оти ќе дојде време кога тој нема да биде „кул тато“.
„Почнувам да зборувам нешто на вечера и забележувам како разменуваат погледи. Сфаќам дека сум станал карикатура во таа ситуација и гледам како си мислат: ’Ох, тато пак ја раскажува таа приказна‘.“
Афлек раскажа за еден конкретен момент на вечера, кога неговите деца разговарале за своите пријатели, драми и врски. Бидејќи има „одредено животно искуство“, добитникот на Оскар помислил дека може да се вклучи во разговорот и да сподели животна поука.

„Реков: ’Па, работата со таа врска е…‘“, се присети Афлек. „А потоа, мојата седумнаесетгодишна ќерка се сврте кон мене и рече: ’Да, како ти да си експерт за врски‘.“
Бен Афлек има три деца со Џенифер Гарнер, со која беше во брак од 2005 до 2018 година. Претходно оваа година, во интервју за „Entertainment Weekly“, Гарнер го нарече Афлек „неверојатен партнер во родителството“.
American actress, dancer and singer Jennifer Lopez (J.Lo) wearing Gucci and husband/American actor and filmmaker Ben Affleck arrive at the Los Angeles Premiere Of Warner Bros. ‘The Flash’ held at the TCL Chinese Theatre IMAX on June 12, 2023 in Hollywood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Image Press Agency)
По разводот со Гарнер, Афлек ја обнови врската со Џенифер Лопез, со која претходно беше свршен во периодот од 2002 до 2004 година. Тие стапија во брак во 2022 година, а две години подоцна, Лопез поднесе барање за развод.







