(Видео) Златна на Златните глобуси: Блесна и без црвениот тепих

За време на овогодинешните Златни глобуси, имаше некои дами кои не се појавија на црвениот тепих, но не останаа незабележани.

Кајли Џенер е една од нив, а нејзиниот изглед зад сцената беше повеќе од впечатлив, па затоа не ѝ беше потребен црвениот тепих за да привлече внимание.

Таа апсолутно го оправда името на церемонијата, бидејќи дојде во – златен изглед.

Носеше фустан направен од златни светки, а креацијата што ја следеше нејзината линија на телото го носи потписот на модната куќа „Аши Студио“.

Кајли го украде вниманието со впечатливо деколте во форма на срце, како и тенки, елегантни прерамки што се протегаат преку рамената и деколтето. И овој пат, таа беше модерно гламурозна, како што обично прави, и не отстапи од својот препознатлив, малку нападен стил.

Носеше класични потпетици од Кристијан Лубутен и чанта од Гучи, додавајќи допир на класична елеганција на изгледот, а нејзиниот избор на накит привлече посебно внимание.

Таа пристигна за да го поддржи својот партнер, актерот Тимоти Шаламе, кој ја освои наградата за најдобар актер во мјузикл или комедија за улогата во „Marti Supreme“.

Scroll to Top